СПОРТОТ ПРИДОНЕСУВА ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ
СПОРТОТ КАКО ЛЕК
Вежбањето и спортот воопшто, не ги зајакнуваат само бицепсите и стомачните мускучи, туку и целокупниот одбранбен системна организмот, што значи дека штитат од обична настинка, како и од посериозни инфекции.
Кои се најефикасните физички активности?
Се смета дека тие се пливањето, велосипедизмот, трчањето и брзото одење. Позитивниот учинок може да се забележи веќе по неколку недели, дури и кај оние кои дотогаш незначително се занимавале со која било физичка активност. Доколку вежбате секој ден по 30 мин, лачењето на одбранбените супстанци леукин и интерферон ќе се зголеми за 50%.Најдобро би било, во работен ден, наизменично да се плива и да се вози велосипед (во природа или статичен), а во сабота и недела се препорачува брзо одење или пак, прошетка.
Дијабетис, висок крвен притисок, срцеви заболувања и остеопороза би требало да се спречуваат многу порано, пред да се влезе во „третото доба“. Зошто?
Затоа што е докажано дека коските, веќе по 30-тата година, почнуваат да губат дел од калциумот, па спортот тука е најефикасен одбранбено оружје. Истражувањата на Медицинскиот Институт во Далас-Тексас, САД, покажаа дека физичката активност значително ја намалува опасноста од смрт кај дијабетичарите, затоа што помага да се намали нивото на шеќерот во крвта, но и ја подобрува чувствителноста на црниот дроб и мускулите на дејството на инсулинот.
Вежбањето, прошетките и секоја полесна физичка активност се во повратна врска со опасностите од кардиоваскуларни заболувања, како што се: висок крвен притисок, висок холестерол, дебелина. Меѓу другото, физичките активности дејствуваат позитивно на зголемувањето на нив.







