Sunday, April 28, 2013

СПОРТОТ ПРИДОНЕСУВА ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ


СПОРТОТ КАКО ЛЕК

Вежбањето и спортот воопшто, не ги зајакнуваат само бицепсите и стомачните мускучи, туку и целокупниот одбранбен систем
на организмот, што значи дека штитат од обична настинка, како и од посериозни инфекции.




Кои се најефикасните физички активности?

Се смета дека тие се пливањето, велосипедизмот, трчањето и брзото одење. Позитивниот учинок може да се забележи веќе по неколку недели, дури и кај оние кои дотогаш незначително се занимавале со која било физичка активност. Доколку вежбате секој ден по 30 мин, лачењето на одбранбените супстанци леукин и интерферон ќе се зголеми за 50%.
Најдобро би било, во работен ден, наизменично да се плива и да се вози велосипед (во природа или статичен), а во сабота и недела се препорачува брзо одење или пак, прошетка.


Дијабетис, висок крвен притисок, срцеви заболувања и остеопороза би требало да се спречуваат многу порано, пред да се влезе во „третото доба“. Зошто?
Затоа што е докажано дека коските, веќе по 30-тата година, почнуваат да губат дел од калциумот, па спортот тука е најефикасен одбранбено оружје. Истражувањата на Медицинскиот Институт во Далас-Тексас, САД, покажаа дека физичката активност значително ја намалува опасноста од смрт кај дијабетичарите, затоа што помага да се намали нивото на шеќерот во крвта, но и ја подобрува чувствителноста на црниот дроб и мускулите на дејството на инсулинот.
Вежбањето, прошетките и секоја полесна физичка активност се во повратна врска со опасностите од кардиоваскуларни заболувања, како што се: висок крвен притисок, висок холестерол, дебелина. Меѓу другото, физичките активности дејствуваат позитивно на зголемувањето на нив.











КАЖИ НЕ НА ДРОГАТА!!!


Името наркоманија опишува дека човекот зема некои препарати, кои ќе го „успијат“, кои ќе му ја откинат свеста од реалноста и ќе го однесат во занес. Така, кокаинот и хероинот, синтетичките дроги и дишењето лепак или други материи ја заробуваат душата на човекот, го одделуваат од луѓето, семејството, учењето и работата, го тераат да прави најлоши нешта и го водат кон опаѓање и смрт. Дрогата апсолутно негативно влијание врз личноста и носи тешки последици за нејзиното здравје.

Опасноста на дрогирањето произлегува од неминовното пропаѓање на оној/онаа, кои тргнале по овој лош пат. Кој почнал да зема дрога, сé позачестено ја употребува и пробува нови, посилни наркотици, достига сé пострашни форми на зависност. Исто така, наркоманот го губи моралниот компас, почнува да ги нарушува моралните принципи, не може да се разбуди и да се промени. Оди во пропаст со илузија дека токму така сака и дека не може да стори ништо друго. Со тоа си дава слобода да прави секакви негативни дејства и злосторства - да лаже и да мами, самиот себеси да се измамува, да краде и да пљачкосува, да биде неодговорен кон себе, кон другите и кон обврските, да се продава себеси за дрогата, да убива...

Обично се говори за две нивоа на зависноста - психичката и физичката. Во првата страдаат умот и душата, личноста мисли постојано на предметот на својата зависност и на различен начин се труди да си ја задоволи грдата страст. Ако не се воздржи и не се лекува, ќе почне да страда телото. Тогаш клетките и телесните функции бараат исполнување на зависноста. Ако не се задоволат, следува одмазда на телесните функции - потење, болки, треска, болест, изумирање на одделни делови, престанок на одделни функции, смрт.

Кај дрогата психичката и физичката зависност брзо се развиваат. Тука е силна и моралната зависност како прво ниво на воспоставување зависничка состојба. Тоа е кога во мислите уште пред да земете дрога не сте изградиле одбоен став кон неа, туку си велите: „Можам да пробам“ и „Тоа не е страшно“. Веќе сте зависник, зашто не го отфрлате она што е лошо и може да ве зароби. А ако се проба дрогата, веќе настапува психичката зависност и таа натаму се засилува и, всушност, нема шанса за своеволно откажување, туку мора да се оди на лекување, задолжително кај доктор и со помош на семејството. Кај физичката зависност од дрога, до која се стига лесно и брзо, лекувањето речиси е неможно.

Затоа е клучно токму избегнувањето на моралната зависност. Дрогата е заразна болест, која го опфаќа секој кој ќе се најде во нејзина близина и кој ќе се допре до неа. Дрогата е болест која постојано заразува. Таа не раѓа имунитет во личноста; ако некој почнува да ја поднесува дрогата (кога по првите употреби ќе престане да има тегоби, повраќање и сл.), тоа значи дека далеку зачекорил по патот на несреќата. При моралната зависност душата уште не се навикнала на дрогата и не се повредени сите норми на однесувањето. Тогаш човекот води морална расправа дали да се согласи на дрога или да се заштити од неа. Само уште тогаш е можна вистинска одбрана од наркоманијата. Не дозволете да минете натаму.

Кажете си и послушајте ја основната етичка норма против дрогата - БЕГАЈТЕ ОД ДРОГАТА! И никогаш немојте да ја пробате! 





Sunday, April 14, 2013

ЗДРАВА ХРАНА

                                                                   ЗДРАВА ХРАНА




Здравата исхрана подразбира внесување на балансирано количество на протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали. Здравата исхрана се базира на внесување на поголеми количини на протеини и јагленохидрати, а помалку масти. Во исхраната посебно е важен внесот на витамини и минерали, кои ги има најмногу во свежото овошје и зеленчук.
Со здрава исхрана, како и со редовна физичка активност, се овозможува зачувување на здравјето, а се намалува и вишокот на телесна тежина, која е исто така важен фактор на ризик за повеќе малигни заболувања.
Овошјето и зеленчукот се богати со витамини и минерали кои се природни одбрамбени состојки против многу болести. Се препорачува да се јадат 5 порции од овошје и зеленчук дневно. Една оптимална порција тежи околу 80 грама.

Со тоа се смета дека се намалува и ризикот од срцеви заболувања, шеќерна болест, повеќе видови на карциноми и други заболувања. Научниците, сеуште не ги идентификувале сите хранливи состојки, кои делуваат на заштитата на организмот против болестите. Затоа се препорачува да потребните витамини и минерали се внесуваат со свежото овошје и зеленчук, а не преку синтетски препарати, разни додатоци или екстракти од храна, кои може да се купат во аптеките. Овие синтетски произведени извори на витамини и минерали не се така ефикасни, бидејќи не ги содржат сите корисни хранливи материи.
 Студијата на научниците од Универзитетот "Yale" покажа дека намалувањето на нивото на глукозата во мозокот доведува до губење на самоконтролата, која резултира со желба за висококалорична храна како што се колачите, бисквитите или чипсот.

Кај луѓето со прекумерна тежина тоа е уште поизразено така што тие мораат да јадат и при минимално намалување на нивото на глукозата.
Научниците веруваат дека овој феномен се случува поради тоа што мозокот има голема потреба од глукоза, која служи како енергетско гориво, а најчесто се добива од јаглехидратите кои се составен дел од здравата, но и помалку здравата храна.

ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВО БЕЗ МАНА ! 


 

СТОП ЗА ЦИГАРИТЕ !!!

                                                        Кажете СТОП ЗА ЦИГАРИТЕ!!!

Многу елементи кој ги содржат тутунот и чадот од цигарите му штетат на човековото тело и предизвикува широк спектар на здравствени проблеми. Пушењето на цигари можат да предизвикаат болест кај луѓето кои пушат, луѓе кои го дишат воздухот околу пушачите и луѓето кои се во контакт  со остатоци од никотин. Неродените бебиња чии тела ке внесат токсини од тутун исто така се изложени на ризик. Иако врската помеѓу цигарите и рак на белите дробови е општо познато од 1964 година, има и нови докази од што последните се во 2004 година, кои покажува дека пушењето влијае речиси на секој човечки орган.


Според американското белодробно здружение, има 69 канцерогени супстанции во чадот од цигарите кои можат да предизвикаат многу видови на рак и особено се главна причина за рак на белите дробови. Пушачите се подложни на овие здравствени проблеми делумно поради тоа што нивниот имунолошки систем е попречен од страна на ниско ниво на антиоксиданси во крвта.
Хирурзите исто така пушењето го набројуваат  како една од причините за рак на крвта или леукемија, како и рак на устата, грлото, гркланот, хранопроводот, желудникот, панкреасот, грлото на матката, матката, бубрезите и мочниот меур. Црниот дроб, дебелото црево, рак на простатата и на ракот на дојката, исто така, може да биде поврзано со цигарите.
 Денес, тие се едни од најзастапените зависности кои го загрозуваат човековиот вид.Децата уште од мали нозе се заразуваат и потоа се разболуваат од некои тешко излечливи белодробни болести и сл.Затоа во светот се формираат разни здруженија и едукативни емисии кои говорат за штетите од цигарите.

ЗАТОА НЕМОЈ ДА ПУШИШ ОТИ МЕ ГУШИШ !!!